Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали САД со диломатија ќе помогне за решавање на името?

Дали САД со диломатија ќе помогне за решавање на името?

САД продолжуваат да играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Oва го изјави помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел. 

„Неодамна зазедовме заеднички став не само за Србија и Косово, туку работиме и на БиХ, на прашањето за името помеѓу Македонија и Грција. Како што напоменав, дел од нашиот тим во моментов работи на ова прашање, а САД продолжуваат да играат тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите, охрабрувајќи да се најде решение за името, за да ја видиме Македонија како членка на НАТО“- рече Мичел во обраќањето на Херитиџ фондацијата, каде ја промовира стратегијата на претседателот Доналд Трамп за Европа.

Истакна дека САД на овие области на дневна основа трошат време и енергија, како и ресурси за проблемите на Западниот Балкан.

Грчките медиуми пишуваат дека утре македонскиот премиер Зоран Заев треба да се слушне со колегата Алексис Ципрас и да даде договор за името. Ако оваа шанса се испушти, Македонија ќе ја пропушти шансата за ЕУ и НАТО. 

Деновиве имаше најави и од македонски политичари дека прашање на денови е кога договор ќе се потпише меѓу двете страни. 

Слично

Поврзани вести