Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Русковска прифаќа да биде наследник на Катица Јанева?

Дали Русковска прифаќа да биде наследник на Катица Јанева?

Кога ќе биде усвоен Законот, тогаш би можела да кажам став, вака е беспредметно, бидејќи може законот да претрпи измени, вели обвинителката Вилма Русковска за „Фокус“, која додава дека изјавата на премиерот Зоран Заев ја не ја слушнала во целост, бидејќи била затекната додека работела.

Обвинителката Русковска сепак се согласува дека тоа што премиерот Заев ја предлага токму неа, е чест за неа, бидејќи е признание за нејзината досегашна работа.

Премиерот, Зоран Заев, денеска на прес конференција истакна дека Владата наредната недела до Собранието ќе предложи нов закон за трансформација на СЈО, а како наследник на Катица Јанева ја предлага обвинителката Вилма Русковска.

Слично

Поврзани вести