Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали „Рекет“ ќе ги загрози евроинтеграциите?

Дали „Рекет“ ќе ги загрози евроинтеграциите?

Овој случај е тест за правната држава и владеењето на правото во Северна Македонијa,  изјави денеска финската министерка за надворешни работи, Тути Тупураинен за случајот „Рекет“. 

„Последниот извештај на ЕК покажа дека има прогрес во оваа област и тоа сега треба да се покаже на дело. Очекуваме објективна истрага и никој да не биде ставен над законот“, рече Тупараинен.

Вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференцијата рече дека Македонија е посветена на интеграцијата во ЕУ и НАТО и дека никаков предизвик тоа нема да го смени.

Тупураинен, денеска изјави дека Финска, како актуелен претседавач со ЕУ, дава поддршка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и дека очекува тоа да се случи во октомври. Оптимизам постои дека во октомври ќе добиеме датум. 

Финска во моментов претседава со Европската унија и се надева дека аферата нема да ги разниша македонските евро-интеграции. 

Месец ена во фокусот на јавноста е оваа афера за која досега осомничени се две лица, Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец. 

Слично

Поврзани вести