Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали 'професоре' не те загрижија коментарите во кои твоите пријатели повикуваат дека за мене 'треба само бесилка': Михаилов до Апасиев

Дали 'професоре' не те загрижија коментарите во кои твоите пријатели повикуваат дека за мене 'треба само бесилка': Михаилов до Апасиев

„Професоре" Димитар Апасиев, со оглед на тоа што сум блокиран не само кај тебе и на официјалната страна на Левица, блокиран сум секаде каде што е можно да ти се обратам. 

Поради тоа „професоре", ќе морам да те прашам вака кај мене затоа што за разлика од вашата демократија на профилите каде давате ограничен пристап само за вашето ограничено „лепо" друштво, кај мене може секој да „пука", па дури ако ти се роди желба, лично и ти.

Ова го напиша утрово земеник директорот во Национални шуми, Кире Михаилов кој лично се обрати до пратеникот и професор Апасиев, по препукувањето кое започна откако претставничка на партијата Левица мочеше за време на нејзиниот термин во граското Собарание. 
- „Професоре" Димитар Апасиев, поради тоа што толку многу те вознемирија два или три коментари од мои следачи на моја нормална објава што дури заборави дека е Велигден, сериозно, сакам да те прашам дали не те загрижија стотина коментари кај тебе на твојата лична објава за мене, на објавата на официјалната страна на Левица и насекаде каде развратно сте го ширеле тој лажен блуд, а?!?

Дали „професоре" воопшто не те загрижија коментарите во кои вашите, твоите пријатели повикуваат дека за мене „треба само 9мм", дека за мене „треба само бесилка", дека за мене „треба стрелање" , дека мене „треба да ме наденат на колец", дека на мене „на се што ми е женско во фамилија треба да се редат по 50 души", дека јас сум „ментално заостанат", дека јас сум „небањат вемеровски дебиљ", дека јас сум „бесплоден импотентен Евнух" и да не одам до недоглед со вашите „повраќаници", а?!?

Ти се обраќам само тебе лично затоа што ако се обратам на сите во твојата партија пак може да ме извадите од контекст, да прочитате нешто кое што само вие го гледате и читате и пак да ме направите женомрзец или недај Боже, повторно насилник или силувач.

„Професоре", нема да те извади приказната дека не ги знаеш луѓето кои коментираат кај тебе и со тоа што не им лајкувате или не им реплицирате демек не ги поддржувате - нагласува Михаилов во својата објава на социјалните мрежи. 

Потоа посочува дека „тоа се профили кои коментираат секаде, на секоја твоја или објава блиска до наративот на Левица и тоа коментираат секаде со ист жар, сличен контекст, невидени лаги, и најважно, сериозни закани и навреди за секој кој е ваш неистомисленик“.

На крајот нагласува „Апасиев, без разлика на тоа дали ќе одговориш или не, те молам, врзи си ги „кучињата" кои постојано ги шеташ со тебе зад навидум лажните непознати профили кои сосем „случајно" коментираат и се закануваат сочно затоа што верувај, никој не им се плаши“.

- А мене пак лично „професоре" Димитар Апасиев, мене лично шумската мафија, една од најголемите и најорганизирани во Македонија не ме исплаши, а пак од заканите од таквите, најмногу лажни, случајни и „непознати", но пред се очајни, верувај, око не ми трепнува!

И за крај „професоре", не дека јас се секирам или ме тангираат невистините, сериозно се грижам, ти да не си ми се вознемирил повторно, случајно - напиша на крајот Михаилов. 

Еве ја целосната негова објава: 


За потсетување на почетокот на месец април започна препукувањето меѓу претставници од политичката партија „Левица“ и нивниот лидер Апасиев со заменик директорот Михаилов. 

Поводот беа коментарите и реобјавувањето на снимка од собранието во Град Скопје, каде претставничка на партијата „Левица“ своето време на говорницата го искористи за молк, видео кое предизвика бројни коментари на социјалните мрежи. 

- Премиере, ќе си го приберете ли вмроидниов НЕАНДЕРТАЛЕЦ со поган јазик шо сексуално вознемирува девојчиња пред Велигден или да ја праиме големата магија? - напиша Апасиев во една од објавите посветени на Михаилов. 


Левица дури побара и разрешување на Михаилов поради неговата објава. 

- Со сериозност реагираме за алармантното однесување на активистот на ДПМНЕ, Кире МИХАИЛОВ, којшто е заменик директор на ЈП Национални шуми, а кој свесно објави манипулативно скратен материјал од настапот на нашата советничка во Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска, и потоа активно се вклучи во валидирање на содржини што содржат експлицитни повици на насилство, силување и други грозни сексистички напади. Ова е директна злоупотреба на јавна функција и јавен канал за поттикнување на омраза и закани кон избран претставник. Од функционер со јавни овластувања се очекува воздржаност, одговорност и почитување на правниот поредок, но наместо тоа, сведочиме на активно охрабрување и надоврзување на оваа дигитална толпа со елементи на кривично однесување.

Објавата е лишена од контекстот во кој советничката група на #Левица во Советот на Град Скопје примени филибастер како легитимна алатка, поради систематско ограничување на деловничките права од страна на претседателот на Советот - Даме Димитровски. Повеќе седници наназад беа оневозможувани процедурални обраќања, реплики и контрареплики, со произволно толкување на релевантност, а на последната седница без воопшто да извести за тоа, откако советник од Левица побара збор - истакна дека воспоставил нова неделовничка пракса на одбивање да се даде збор доколку не се пријавиш во истата секунда на почеток на точката - појаснуваа на почетокто на месецов од партијата. 

За потсетување Михаилов на 7 Април објави видео од пратеничката на Левица која молчи во градското собрание. 
- Советничкава од Левица, денеска ја узурпирала говорницата во Град Скопје цели 10 минути без збор да изусти, џвакајки само мастика!

Не знам дали знае, ама народ ја плаќа за тоа што е таму, ама не за да прави циркузи ...

Што и да се каже или напише, излишно е ... - напиша Михаилов.





Слично

Поврзани вести