Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали премиерот Мицкоски најави предвремени избори?

Дали премиерот Мицкоски најави предвремени избори?

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека наскоро ќе има избори. Со тоа тој повторно го отвори прашањето на предвремените избори. Коментирајќи ја изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче, кој вчера рече дека не гледа дека Бугарија го негира македонскиот идентитет, истакна дека многу брзо ќе има избори на кои Филипче и партијата ќе изгубат.

„Јас жалам што тие повторно одлучија да коленичат на туѓите интереси, наместо да застанат рамо до рамо со Владата, во одбрана националните интереси. Но, добрата вест е што набргу ќе има избори, после тие избори ќе се случи, да партијата која што тој ја преводи се маргинализира и јас се надевам дека и тој и таквите како него засекогаш ќе исчезнат од политиката“, рече Мицкоски.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети кажа дека е подготвен да оди на избори. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести