Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали пратениците заслужуваат станови и возила - што мисли Заев за патните трошоци?

Дали пратениците заслужуваат станови и возила - што мисли Заев за патните трошоци?

Премиеро Зоран Заев ќе се посвети на наоѓање на решение за патните трошоци на пратениците кои и натаму се причина за револт кај граѓаните.Тој рече дека преку дебата треба да се пронајде прифатливо решение за граѓаните и за пратениците.

„Можеме да им купиме возила на сите пратеници, да им обезбедиме станови во Скопје. Можеме да ги промениме начините на патување преку реорганизација на Деловникот. Пратениците имаат недели за дебата, за гласање и да бидат со своите граѓани, а конечна цел е да го слушнеме гласот на граѓаните кои во моментов се критички настроени, како и ние кога бевме опозиција“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со патните трошоци на пратениците.

Ваквиот став на премиерот е конструктивен, но не го адресира целосно прашањето дека потребна е само политичка волја да се направат законски измени кои ќе спречат огромни злоупотреби на покривање на патните трошоци од страна на самите пратеници кои годишно инкасирале и по десетина илјади евра. Баш од тие пари можеле да купат возило со солидни перформанси и да си платат ќирија за престој додека се во Скопје работејќи во собранието.

Слично

Поврзани вести