Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се вратат на пратеничките клупи?

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се вратат на пратеничките клупи?

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е  на координација со пратениците, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер. На агендата на опозицијата е дебата за  враќање во Собранието, откако Врховниот суд, притворот на Крсто Мукоски и на Сашо Василевски им го замени со куќен притвор.

Според истиот функционер одлуката на раководството на партијата и пратеничката група, за да биде конечна  ќе мора да ја потврдат и останатите партиски органи ИК и ЦК, кои се очекува да заседаваат во недела.

Освен за враќањето во Собранието,според најавите пратениците ќе дискутираат и за преговорите со власта во работните групи за реформските закони. Преговарачите ќе ги известат колегите во која фаза е усогласувањето со СДСМ.


Избор: 24 Вести


Слично

Поврзани вести