Дали поткуп е главната причина за приведувањето на советникот на Спасовски?
Според повеќе непотврдени информации главна причина за синоќа уапсениот соработник на Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, е сомнеж за примање на поткуп.
Осомничениот Д.С. од кабинетот на министерот Спасовски, бил приведен во полициската станица во Кисела Вода, по наредба на јавен обвинител под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ “Злоупотреба на службена положба и овластување.
Исто така за Д.С. се тврди дека бил еден од потесните кандидати за добивање на функцијата началник на СВР Скопје, како една од најголемите организациски единици на МВР во главниот град.
Повеќе детали за приведувањето, како и сомнежите на ОЈО се очекуваат во текот на денешниот ден.
Слично
