Дали постои врска помеѓу дијабетесот и крвниот притисок?
Двајца од тројца луѓе кои живеат со дијабетес страдаат и од висок крвен притисок (хипертензија). Постои силна поврзаност помеѓу двете состојби. Не само штодебелината и дијабетесот имаат заеднички фактори на ризик и причини, туку дијабетесот може дополнително да ги искомплицира постоечките здравствени проблеми.
За да се избегнат негативните последици од „шеќерната болест“, како што често се нарекува дијабетесот, добро е да се знаат факторите на ризик за болеста и како да се грижите за себе. Исто така, овие фактори се важни да се знаат и кога се работи за мерење и пратење на крвниот притисок.
Што е дијабетес?
Дијабетесот е хронична здравствена состојба која влијае на начинот на кој телото ја претвора храната во енергија. Поголемиот дел од храната што ја внесувате во телото се преобразува во шеќер (глукоза) којшто потоа се пренесува во крвотокот. Кога нивото на шеќерот во крвта ќе се зголеми, на панкреасот му се сигнализира да ослободува инсулин. Инсулинот делува како прекинувач којшто испушта шеќер преку крвта во клетките на телото за да се користи како енергија.
Во случај на дијабетес, телото не произведува доволно инсулин или не може да го користи како што треба. Кога нема доволно инсулин или кога клетките ќе престанат да реагираат на инсулин, во крвта останува вишок шеќер. Со текот на времето, ова може да доведе до сериозни здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, губење на видот и заболувања на бубрезите. Сè уште нема лек за дијабетес, но намалувањето на тежината, здравата исхрана и вежбањето може да помогнат во водење здрав начин на живот.
Видови дијабетес
Особено е важно да се направи разлика помеѓу различните видови дијабетес и како вашето тело реагира на болеста. Постојат три вида „шеќерна болест“:
Дијабетес тип 1
Дијабетесот тип 1 се смета дека го
предизвикува автоимуна реакција (телото се напаѓа себеси по грешка). Ваквата реакција
го запира производството на инсулин во телото. Околу 5 - 10% од луѓето со
дијабетес имаат тип 1. Честопати, симптомите се развиваат многу брзо. Обично се
дијагностицира кај деца, тинејџери и млади лица.
Дијабетес тип 2
Кај дијабетес тип 2, телото не го користи инсулинот соодветно и не може да го одржи нивото на шеќер во крвта во нормала. Околу 90 - 95% од луѓето со дијабетес имаат дијабетес тип 2. Се развива со текот на времето и обично се дијагностицира кај возрасни. Може да не забележите никакви симптоми и затоа е важно да го проверувате шеќерот во крвта доколку сте изложени на ризик. Овој тип на болеста може да се забави со промени во исхраната и животниот стил.

Гестациски дијабетес
Гестацискиот дијабетес се развива кај бремени жени кои никогаш немале дијабетес. Ако имате гестациски дијабетес, бебето може да има повисок ризик за здравствени проблеми. Гестацискиот дијабетес обично го снемува по породувањето. Сепак, ова го зголемува ризикот од дијабетес тип 2 во подоцнежните фази од животот.
Висок крвен притисок и дијабетес
Со цел темелно да се разбере поврзаноста помеѓу двете здравствени состојби, важно е да се знае што точно мерат уредите за крвен притисок. Со секое отчукување на срцето, преку циркулаторниот систем се испраќа крв во телото. Помеѓу отчукувањата, срцето се полни со крв. Крвниот притисок на човекот се однесува на две различни, но поврзани мерења на овој циклус. Првата вредност, позната како систолен крвен притисок, е притисокот во артериите кога срцето чука и пумпа крв. Втората вредност, позната како дијастолен крвен притисок, е притисокот во артериите кога срцето е во мирување и се полни со крв. Овие две вредности се прикажуваат заедно и речиси секогаш координирано се зголемуваат и опаѓаат. Просечната нормална вредност изнесува 120/80 mm Hg.
Зголемените вредности на крвниот притисок често се нарекуваат „тивок убиец“ бидејќи може да не се појават никакви симптоми. Дури и кога крвниот притисок е опасно висок, симптомите се вообичаени. Може првично да не ги поврзете со висок крвен притисок. Најчестите симптоми се вртоглавица, главоболка и замаглен вид. Ова може да бидат симптоми и на дијабетес.
Истовремено, хипертензијата и дијабетесот тип 2 може да доведат до повисоко ниво на шеќер во крвта од нормалното. Покачениот шеќер во крвта може да ги оштети клетките на бубрезите, срцето и крвните садови. Експертите сè уште се обидуваат да ја утврдат точната поврзаност помеѓу двете болести, но сметаат дека заедничките фактори на ризик играат клучна улога во развојот на хипертензијата и дијабетесот.
Седентарниот животен стил
Еден од најсериозните фактори на ризик за висок крвен притисок и дијабетес е седентарниот животен стил. Модерната технологија ни ги олеснува животите, но истовремено води до намалена физичка активност кај повеќето луѓе. Неактивноста се поврзува со голем број здравствени проблеми и се смета дека е главна причина за кардиоваскуларните болести, дијабетесот и голем број други болести што настануваат како последица на зголемена телесна тежина.
Без разлика дали имате канцелариска работа на биро или се обидувате да најдете мотивација за спортска активност, треба да имате на ум дека седентарниот начин на живот може да биде опасен. Важно е да имате навика да вежбате. Започнете со лесни вежби како што се пливање, јога, пилатес, па дури и обични прошетки.
Потрудете се да имате секојдневна физичка активност. Оставете го автомобилот и одете на работа со велосипед. Качувајте се по скали, наместо со лифт. Прошетајте се во парк со најблиските. На овој начин, времето брзо ќе помине, а вие ќе се грижите за здравјето. Покрај придобивките за физичкото здравје, ќе сфатите дека движењето ви помага да одржувате здрава тежина и ве прави да се чувствувате расположено цел ден.
Прекумерна тежина
Несомнено, канцелариската работа и брзата храна се предуслови за зголемување на тежината. Прекумерната тежина е еден од најсериозните фактори за настанување здравствени проблеми, вклучувајќи дијабетес и висок крвен притисок. Затоа, важно е да обрнете внимание на тежината. Промените во животниот стил бараат свесен напор, но здравата исхрана и физичката активност вредат за безбројните здравствени придобивки што ќе ги уживате.
За да се избегнат компликации на дијабетес и висок крвен притисок, особено е важно здраво да се храните. Здравата исхрана е прашање на рамнотежа. Дозволено е да уживате во омилената храна дури и ако содржи многу калории, масти или додадени шеќери. Клучот е во повременото конзумирање и балансирање со поздрава храна и повеќе физичка активност. Додадете разни бои во чинијата и гледајте ја храната како виножито. Темнозелениот лиснат зеленчук, морковите и доматите, па дури и свежите билки се полни со витамини, влакна и минерали. Додавањето пиперки, броколи или кромид во манџи и омлети ѝ дава широк спектар на бои и хранливи материи на исхраната.
Покрај исхраната, и физичката активност е исклучително
важна доколку имате прекумерна тежина.
Дури и ако не ослабете, вежбањето ја зголемува циркулацијата на крвта во телото
и ја подобрува функцијата на крвните садови, што може да доведе до понизок
крвен притисок. Физичката активност може да ја подобри и инсулинската
чувствителност и да го намали нивото на шеќер во крвта. Дури и ако не се
испотите, поминувањето помалку време во седечка положба благодарение на прошетките
или домаќинските обврски може да биде од голема корист. Луѓето со прекумерна
тежина или гојазност се изложени на поголем ризик за срцеви заболувања и
дијабетес. Вишокот тежина може да предизвика напрегање на срцето и крвните
садови.
Во сите подобро снабдени аптеки побарајте го Sendo
Advance 3со подарок – вага
за мерење на телесна тежина.

Sendo Advance 3 со подарок - вага
Иако поврзаноста помеѓу дијабетесот и високиот крвен притисок не е докажана, експертите сметаат дека горенаведените совети за здрав начин на живот се едни од најдобрите методи за намалување на ризикот од болест кај луѓето со зголемен ризик од хипертензија и дијабетес. Здравата исхрана, вежбањето и одржувањето нормална телесна тежина ќе ве поштеди од многу грижи. Следете ги препораките на својот лекар и внимавајте на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. Со помош на Sendo Advance 3, сето ова може да го направите со леснотија. Технологијата ХИРА ве алармира во случај на аритмичен пулс, а мерењето се врши со притискање на едно копче. Повторно сакаме да нагласиме дека освен следењето на здравствените показатели, клучот за спречување сериозни компликации е поздрав и побалансиран животен стил. Грижата за здравјето е грижа за себеси.
ПР објава