Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ПОЧНАА РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА ВО СКОПЈЕ? Исклучен еден од дотоците во сстемот РЖ Железара, населени места во текот на ноќта останаа без вода!?

ДАЛИ ПОЧНАА РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА ВО СКОПЈЕ? Исклучен еден од дотоците во сстемот РЖ Железара, населени места во текот на ноќта останаа без вода!?

Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“, на официјалниот фејсбук профил синоќа соопшти дека поради енормната потрошувачка на вода во Гази Баба и Чаир, извршено е сопирање на еден од дотоците во системот РЖ Железара.

„Почитувани граѓани,

Ве информираме дека поради енормна потрошувачка на вода во Општина Гази Баба и Општина Чаир, ЈКП Водовод и канализација – Скопје изврши сопирање на еден од дотоците во системот РЖ Железара.

Како последица на тоа, во текот на ноќта без вода ќе останат следните населени места:

н. Смилковци

н. Црешево

ЈКП Гази Баба Ве повикува на рационално користење на водата во текот на летниот период, со цел избегнување на вакви прекини во иднина.

Ви благодариме за разбирањето“, се вели во објавата.


Инаку, во текот на вчерашниот ден, исто така како резултат на големата потрошувачка на вода, во општина Сарај, се појави техничко преоптоварување на системот за фреквентна регулација на четирите електромоторни погонски единици во Пумпена станица Сарај.

За таа цел, неопходно беше да се изврши технички софтверски зафат со проценето време од минимум 10 часа, во кои не работеше ПС Сарај, хидрофор Глумово, ПС Горна Матка и ПС Арнакија.

Од водоводното претпријатие предупредија дека доколку продолжи нерационалната потрошувачка на вода, можно е да се појави сериозен дефект во Пумпена станица Сарај.


Слично

Поврзани вести