ДАЛИ ПО ЛОКАЛНИТЕ ЌЕ ИМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ? Мицкоски не ја исклучува оваа можност
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по изборите, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиргодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата.
- Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа, барем така зборуваат, во 2021 година и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме-ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политичким интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум во Струмица, на кој присуствуваа стопанственици од регионот, како и министри од владиниот кабинет.
