Дали по изборите името ќе биде на маса?
За името ќе се разговара по изборите во Македонија на 11 декември, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, во интервју за весникот „Катимерини“
Споре него, по завршувањето на изборите на 11 декември, од многу страни ќе има поттикнувања за решавање на спорот за името.
„По изборите, ова прашање треба да биде предмет на консултации меѓу двете министерства за надворешни работи, а не да го оставаме на трети страни“ - вели тој.
Според него, проблемот е што „кумот на државата“ направил грешка во врска со името.
Во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, Коѕиас се сретна со македонскиот министер Никола Попоски, со кого разговарале и за името и за мерките за гадење доверба меѓу двете земји.
Коѕиас во интервјуто објаснува дека кога Европската унија расправала за воведување санкции против Македонија поради политичката криза, Грција била против таа мерка.
