Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Пендаровски пак ќе се кандидира за претседател?

Дали Пендаровски пак ќе се кандидира за претседател?

Шефот на државата, Стево Пендаровски сега не размислува за втор претседателски мандат. 

Неговиот мандат истекува следната година, а во овој момент тој не размислува за втор. На прашањето дали му е страв од можноста поддршка за претседател да добие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Пендаровски рече дека ако некој има страв тогаш ќе остане дома да гледа телевизија.

„Ако имаш страв во животот не се впушташ во ниедна работа, не само во политиката. Најбитно е да немаш не страв од некого, да имаш доверба во себеси. Ако самиот се чувствуваш подготвен, не постои толку голем страв од некој опонент потенцијален кој може да те инхибира и да останеш дома и да гледаш телевизија“, рече претседателот Пендаровски. 

Тој на денешната прес-конференција зборуваше за потпишувањето на законите за олеснување на проектот на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д. Левица е против одлуката на Пендаровски. 

Слично

Поврзани вести