Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ЗАВРШИ КАКО ПАРАДА НА СРАМОТ - зошто никој не го собра ѓубрето после настанот

ДАЛИ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ЗАВРШИ КАКО ПАРАДА НА СРАМОТ - зошто никој не го собра ѓубрето после настанот

Парадата на гордоста што вчера се одржа во Скопје покажа дека дел од учесниците и немаат баш толку висока еколошка свест. 

Радица Грамбозова на фејсбук објави фотографии и негативен коментар за последиците од настанот.

Расфлани лименки, цевки, хартиени отпадоци од сендвичи, отпушоци, се само дел од грдата слика што може да се види од фотографиите.

Отпадоци и ѓубре се сликите кои говорат за тоа каков остана паркот по овој настан. 

„Парадата на гордоста го претвори паркот во парк на срамот. Слободно дојдете сите да пропарадирате и вечерва за да го соберете сето ѓубре што ГОРДО го заборавивте позади себе. Може и целиот врв да го земете да ви се најде. Срамота на гордоста ваша без еколошка свест“, напиша Грамбозова на фејсбук. 

Фото: Фејсбук Радица Грамбозовска

Слично

Поврзани вести