Дали Отец Пимен даде поддршка за „Северна Македонија“?
Отец Пимен се огласи во врска со договорената промената на името во Република Северна Македонија на владино ниво помеѓу Скопје и Атина. Меѓу редови, може да се заклучи дека владиката, познат по своите прогресивни ставови, му дава одобрение на усогласениот предлог.
Тој напиша на својот профил на Фејсбук:
-Нè имало и кога немало Устав. Нè имало и кога имало додавки како Македонија Прима и Македонија Секонда. Нè имало кога сме се обединувале во идејата да нè има повикувајќи ги соседите под знамето на слободата. Од ум и од пизма ќе не снема, а не од договори, устави и додавки или лоши соседи. Ако се јадеме едни со други математиката е јасна. Ќе нè има се помалку.
Слично
