Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали омикрон е присутен во Македонија?

Дали омикрон е присутен во Македонија?

Омикрон се уште не е тестиран и не се знае дали е присутен  во  Македонија, вели Драган Кочински од Институтот за јавно здравје.

До Нова година се очекува да се прави  нова анализа дали оваа варијанта е присутна и кај нас.

„Досега во лабораториите на Институтот за јавно здравје овој сој не е баран во  примероците, па нема одговор на прашањето дали веќе сме го „увезле“. Правени се секвенционирања на 48 материјали во ноември и кај сите е присутен само делта-сојот. Ги немаше делта-плус и омикрон-сојот, ќе треба да почекаме за следното секвенционирање овој месец“, вели д-р Драган Кочински, епидемиолог од Институтот.

Европа е жариште на коронавирусот. Само во последните 7 дена има 29 000 нови смртни случаи, а досега починале  скоро 1 569 599 луѓе. Омикрон е детектиран во повеќе од 20 земји во Европа, а се шири преку патувања. 

Слично

Поврзани вести