Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Оливер Спасовски ќе биде кандидат за претседател на државата?

Дали Оливер Спасовски ќе биде кандидат за претседател на државата?

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва во интервју за МТВ изјави дека за него е важно она што е за реализација како проект да го заврши до крај. 

Вели дека целосно е посветен на работата во МВР. Спасовски објасни дека целата енергија му е насочена кон функцијата која сега ја обавува. За тоа дека се појавува на различни настани кои не се поврзани со работата на полицијата, и дали тоа личи на некаква кампања, вели дека ништо кај него не се сменило од 2013 година наваму. 

„Тоа се шпекулации кои се шират во јавноста, тоа се некакви видувања кои некои кругови ги споделуваат“, рече Спасовски за тоа дали ќе биде кандидат за шеф на државата или за лидер на партијата СДСМ. 

Тој кажа дека не сака таква дебата да води во медиумите. 

Слично

Поврзани вести