ДАЛИ ОГНЕНИТЕ САМИ НАПУШТИЈА ИЛИ БЕА ИЗБРКАНИ?! Препукувањата во ДУИ не запираат
Попладнево со контрареплика се јавија членовите на политичката партија на ДУИ, познати како „огнените“. Тие негираат дека ја напуштиле партијата, и тврдат дека денешната објава од партијата е манипулација.
Нивното обраќање ви го пренесуваме во целост:
Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорноста ја информираме јавноста дека:
1. Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут,
2. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата,
3. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско.
4. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури.
Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут.
Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении.
Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржат и да ја доведат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција.
Фракција на Демократската унија за интеграција
Претходно денеска беше објавено соопштение од Демократската унија за интеграција (ДУИ) во кое беше нагласено дека вчера заседаваше централното раководство за да ги анализира и дискутира околностите и случувањата во земјата и во партијата.
Тие пак соопштија :
По сеопфатен преглед и дискусија, членовите на Централното претседателство донесоа едногласни заклучоци во врска со следните главни прашања:
1. Забрзаниот пат до интеграција во Европската Унија:
Централното претседателство, констатирајќи врз основа на веродостојни анализи и информации дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, ја нагласува неопходноста од исполнување на нашите обврски како држава. преку уставни измени кои ќе ни овозможат да го доловиме овој историски момент и да обезбедиме европска иднина на нашата земја.
2. Жалење за повлекувањата:
Централното претседателство забележува и изразува длабоко жалење за одлуката на пет членови на Претседателството да се самоповлечат од Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, одлука која ја донесоа на состанокот на ЦО одржана на 1 април 2023 година.
3. Официјализирање на изборниот процес во ограноците на ДУИ.
Централното претседателство ја официјализираше одлуката за претстојниот изборен процес во ограноците на Демократската унија за интеграција а кок ќе се одржи на 2 Јули 2023
Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија.
Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на досегашното патување.
Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани.
