Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали нова корејска војна е реална можност и кој треба да биде подготвен?

Дали нова корејска војна е реална можност и кој треба да биде подготвен?

Нова корејска војна сега е реална можност, тврдат од  британскиот Институт за студии за безбедност и одбрана (РУСИ). 

Тие ја предупредија Владата во Лондон за ова и апелираа да отпочнат подготовки за евентуалниот судир меѓу САД и Северна Кореја.

Заменик генералниот директор на РУСИ (The Royal United Services Institute for Defence and Security Studies), Малколм Чалмерс истакна дека нова корејска воја е „реална можност“ делумно поради фактот дека Доналд Трамп е „хировит и импулсивен“.

„Ако почне војна, претседателот во рок од еден час телефонски ќе побара поддршка од Даунинг стрит 10. Тогаш британската премиерка ќе има само неколку часа да се изјасни за нешто што би било еден од најголемите стратешки шокови по Студената војна“- вели Чалмерс.

Тој додава дека Велика Британија како близок сојузник на САД најверојатно ќе мора да пружи помош во судирот на Корејскиот Полуостров, каде во моментот се стационирани околу 35.000 американски војници.

Смета дека најдобро сценарио би било Велика Британија да пружи дипломатска поддршка, со преговори со цел сузбивање на ширењето на конфликтот и обезбедување САД и Кина „да бидат среќни“ со мировниот договор. 

Слично

Поврзани вести