Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ЌЕ ГИ НАМАЛИ ГУЖВИТЕ КОН ГРЦИЈА? Се работи на „Маркова нога“

ДАЛИ НОВ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ЌЕ ГИ НАМАЛИ ГУЖВИТЕ КОН ГРЦИЈА? Се работи на „Маркова нога“

Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам - стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа - истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на увидот во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога - Лемос.

Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е значаен за двете пријателски држави.

- Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави - нагласи Тошковски.

Граничниот премин од македонска страна ќе биде завршен во септември годинава, а според инвеститорите зададениот рок е 2028 година.

- Овој регион е многу важен за сите вклучени страни и за Преспа е проект што ги заштитува природните богатства, а ќе придонесе и за меѓусебна соработка на двете страни кон економска размена и зближување на регионот. Активностите од другата страна треба да завршат во февруари 2028 година - истакна евроамбасадорот Михалис Рокас.

Во изјава за медиумите, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјата, истакна дека Преспанското Езеро е прекрасно езеро и одлично е што Светскиот ден на екологијата се одбележува токму тука.

- Во оваа околност му се заблагодарувам на целиот тим, кој овозможи изградбата на проектот да достигне 60 проценти и заклучивме дека работите се придвижуваат кон својот крај - посочи Григорјан.

Граничниот премин Маркова Нога - Лемос е со сообраќајница во должина од 350 метри со четири ленти, придружни објекти и други стандарди за меѓународен граничен премин.


Слично

Поврзани вести