Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали наскоро ќе биде пронајдено решение за 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ ?!

Дали наскоро ќе биде пронајдено решение за 35.000 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ ?!

Решението за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери очекува да се најде наредниве денови.

„Комуницирам со претставници на пратеничките групи вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека сме блиску до решение“, изјави  Џафери на денешната средба со новинарите во Собранието.

Тој наведе дека целта  е да се избегне блокада на Собранието. Процедурално, како што кажа, нема да дозволи да се случи блокада во законодавниот дом.

На прашањето дали решение би било да се се расправа за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери истакна дека отворањето дебата за нив би значело блокада на работата на Собранието.

За Законот за јазиците се зборувало и на средбите со тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои се иницијатори на разговорите во рамки на Жан Моне процесот.

Првата средба со претставници на парламентарните партии, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ се очекува да биде одржана на 15 март, но доколку не се обезбеди присуство на еврокомесарот Јоханес Хан и експерти, разговорите би можеле да бидат одложени за мај.

Слично

Поврзани вести