ДАЛИ НАСЕДНАВТЕ? На Фејсбук се споделува лажна наградна игра, на мета се ДМ дрогериите
На социјалните мрежи се споделува лажна наградна игра која наводно е во организација на ДМ дрогерија.
Од компанијата на официјалниот фејсбук профил објавија дека лажна страница организирала лажна наградна игра и ги предупредуваат граѓаните да не наседнуваат на измамата.
„Драги наши, за жал креирана е лажна страница која се претставува во наше име и организира ЛАЖНА наградна игра. Ве замолуваме да бидете внимателни и да не оставате никакви лични податоци! Ова е единствената верифицирана страна на dm во нашата земја. За да бидете сигурни дека сте на вистинската страница на брендот, барајте ја т.н. СИНА ЗНАЧКА
до името, која потврдува дека се работи за вистинската страница и гарантира дека истата е верифицирана и ни припаѓа токму нам! Ние активно работиме кон отстранување на лажната страна, а во меѓувреме за секое прашање кое го имате – може да ни се обратите тука. Ви благодариме на разбирањето. Вашиот dm“, се вели во пораката од компанијата.
