Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали на владината седница станало збор за оставки?

Дали на владината седница станало збор за оставки?

Владата на Северна Македонија е целосно насочена кон расветлување на причините за трагедијата во Тетово во која настрадаа 14 лица. Сметаме дека во овој момент е најважен ангажманот на сите експертски капацитети за да се утврдат фактите, особено што ваков тип на несреќи бараат внимателност, стручност и време, одговорија денеска од Владата на прашањето на Фактор за тоа дали на владината седница било разговарано за одговорност по пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

„Токму затоа на денешната вонредна седница Владата им препорача на стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки, стои во одговорот од Влада.

Министерот Венко Филипче за денеска во 17.30 закажа прес конференција.


Слично

Поврзани вести