Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата сѐ уште траела

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата сѐ уште траела

Седум полициски службеници се сомичат за несовесно работење и злоупотреби. 

Во текот на вчерашниот ден МВР, по налог на Основното јавно обвинителство, спровело акција за апсење на овие седуммина полицајци, кои се осомничени дека се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за несовесно работење и за злоупотреби.

Паралелно додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност при МВР, шефот на Јавното обвинителство на РСМ, Љупчо Коцевски, во гостувањето на Телма, ја обелодени акцијата.

„Јавното обвинителство веќе има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

Од МВР овој негов потег, според одредени медоиуми, го оцениле како компромитирачки за нивната акција, бидејќи наводно по еден од нив, кој живее во Штип, се уште се трага.

Слично

Поврзани вести