Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ МОМЧЕТО ТРПЕЛО БУЛИНГ И ШИКАНИРАЊЕ ПОРАДИ МАТЕРИЈАЛНАТА СОСТОЈБА? - серија прашања на фејсбук за случајот Корчагин кои бараат итни одговори

ДАЛИ МОМЧЕТО ТРПЕЛО БУЛИНГ И ШИКАНИРАЊЕ ПОРАДИ МАТЕРИЈАЛНАТА СОСТОЈБА? - серија прашања на фејсбук за случајот Корчагин кои бараат итни одговори

Не стивнуваат реакциите околу ученикот од гимназијата Корчагин, за кој медиумите имаат потврдени информации дека извршил самоубиство, но за тоа не се огласи ниту една дравна инститиција, ниту МВР, ниту училиштето, ниту Министерството за образование и наука. 

Фактор објави неколку текстови на оваа тема. 

Дали е точно дека момчето трпело булинг и шиканирање поради материјалната состојба, прашање што се отвора по неколку постови на фејсбук.

„Детето трпело булинг за материјална состојба и шиканирање

....

И тоа од сите поради што сестричката е отпишана и запишана во друго училиште.

Професори педагози што сте правеле??

Што??

Соучесници во едно губење на млад живот“, пишува на својот фејсбук профил Ерол Ерко Одисеја.


Тој претходно напиша уште еден пост.

„Кирил бог да те прости синко. Ќе те помнам како нај воспитано дете во населба заедно со твојата сестра Мила.

Такво златно дете, боже многу многу болно.

Драгица Никола и семејството плачам заедно со вас.

Корчагин...

....

Дете ви настрадало фешти терате со лампионон Скопски фуј!!

Ова несмее да ни се повтори луѓе несмее

АПЕЛ - МОН и ЈО уште денес да ги испита сите наводи за трагичниот настан. Сите...“, пишува Одисеја на фејсбук. 


Слично

Поврзани вести