Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Мијалков во Обвинителството е донесен со владин црн пасат, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Дали Мијалков во Обвинителството е донесен со владин црн пасат, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение излезе со нови детали  за, како што ја нарекуваат, коалицијата на премиерот Зоран Заев со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Коалицијата Заев - Мијалков се повеќе излегува на виделина. А доказите се насекаде. Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камери го прави во 16.40 часот. Што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да прави циркус пред камери? Мијалков наместо веднаш во куќен притвор глумел изненаден, и му правел на Заев простор за промоција“, се вели во соопштението.

Од партијата прашуваат и дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил марка „фолксваген пасат“? И каде бил претходно?

„Две минути откако се снимал Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук објава каде што се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде. Режијата е премногу очигледна. Заев и Мијалков се цело време во комуникација. А да не беше ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да можат да прават вештачка криза во ВМРО“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара одговроност  за Заев.

Слично

Поврзани вести