Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ МИЦКОВСКИ ГО „КОПИРА“ ЗАЕВ: Каков скандал ќе објави денес лидерот на опозицијата?

ДАЛИ МИЦКОВСКИ ГО „КОПИРА“ ЗАЕВ: Каков скандал ќе објави денес лидерот на опозицијата?

Дали опозицискиот лидер Мицковски се обидува да го копира актуелниот премиер Заев кој додека беше опозиција објави низа скандали преку прислушуваните разговори и така наречени бомби или нам ни се чини така?

Пред неколку дена лидерот на ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи побара јавноста да го следи најавувајќи скандал, денес иста приказна.

Мицковски за 13 часот најави објава на скандал.

На социјалните мрежи пишува дека ќе објави скандал за начините и методите по кој работи власта, за како само со неколку потписи и постапки се вртат милионски суми на пари и како се користат функциите дадени од граѓаните за лични бизниси и енормни заработки.

Каков скандал овој пат ќе објави пред јавноста останува да видиме.


Слично

Поврзани вести