ДАЛИ МИЦКОСКИ ПОДГОТВУВА ИЗБОРЕН ХАОС: СДСМ вели дека премиерот е во паника
Мицкоски е во паника порди падот на поддршка, без резултати зад себе измислува лажни сценарија за изборите, обвинува опозициската СДСМ.
„Да имаше Мицкоски реални резултати после 4 години локална власт и една година централна власт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе зборуваше за нив, тоа ќе му беше отчетот пред граѓаните. Но, бидејќи резултати нема, посегнува по измислени сценарија и конструкции околу локалните избори“, велат од СДСМ.
Партијата вели дека Мицкоски се обидува да ја излаже јавноста.
„Со истата стара реторика на поделби по политичка и етничка линија, Мицкоски повторно се обидува да ја излаже јавноста, исто како пред парламентарните избори во 2024 година. Но, тоа веќе не поминува. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се прочитана книга и граѓаните нема да подлегнат на истите лаги и манипулации. Ваквите изјави на премиерот Мицкоски само потврдуваат дека власта е во паника поради падот на поддршката и стравот дека разочараноста и незадоволството на граѓаните ќе се пресликаат на резултатот од локалните избори. Логично е прашањето: дали токму Мицкоски е тој што подготвува хаос на изборите“, реагира СДСМ.
Слично
