Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Мицкоски ќе го тргне Груевски од функцијата почесен претседател?

Дали Мицкоски ќе го тргне Груевски од функцијата почесен претседател?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во интервју на 1ТВ не одговори прецизно дали екс премиерот, Никола Груевски нема да биде веќе почесен претседател на партијата, туку вели дека е многу поважно како бегството се случи. 

Тој го впери прстот кон институциите. Вели дека ова реално шоу треба да заврши. 

„Министерот Оливер Спасовски да ја продолжи истрагата, да провери што се случило и да даде одговори на јавноста. Го охрабрувам да продолжи со истрагата“, вели Мицкоски. 

Тој вели дека немал индиции дека Груевски ќе си замине, туку зборувале само за тоа дека е жртва на политички прогон. 

Слично

Поврзани вести