Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Мицкоски ќе ги врати исклучените пратеници во редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски ќе ги врати исклучените пратеници во редовите на ВМРО-ДПМНЕ?

Премиерот Зоран Заев на тв дуелот на Канал 5 со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека опозицијата никогаш не кажува јасен став. 

Прашува дали сега сакаат да ја блокираат земјата на патот кон ЕУ. 

„Република Северна Македонија наоѓа патишта, еве најде и по референдумот, и ќе најде патишта, но почесно е да кажете дали сте против НАТО и ЕУ“, вели Заев. 

Мицкоски рече дека не сакаат да ја блокираат земјата. 

Toj додаде дека се сретнал со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, но за тоа дали би ги вратил во партијата назад, откако беа исклучени, рече дека тоа се реверзибилни процеси. Вели дека ништо не е невозможно. 

Слично

Поврзани вести