Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Меркел ќе се сретне и со Иванов?

Дали Меркел ќе се сретне и со Иванов?

Германската канцеларка Ангела Меркел, која e во посета на Македонија, денеска ќе има средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски.

Меркел и Мицкоски, ќе имаат средба во 14 часот во Германската амбасада во Скопје. Засега нема најави дека Меркел ќе се сретне со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Ѓорѓе Иванов во својата денешна честитка до граѓаните по повод националниот празник 8 Септември - Денот на независноста меѓудругото алудираше дека посетите на  високите меѓународни гости како Јенс Столтенберг, Себастијан Курц и Ангела Меркел се непотребни во Македонија. 

Како што вели тој, во 1991 за референдумот кога се изјаснувале граѓаните за независност не биле потребни странски делегации за истиот да биде успешен и Македонија да стане автономна членка надвор од федерацијата.

Слично

Поврзани вести