Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Меркел ќе го „омекне“ Мицотакис за Договорот од Преспа?

Дали Меркел ќе го „омекне“ Мицотакис за Договорот од Преспа?

Германската канцеларка,  Ангела Меркел оди во посета на Атина, при што освен со претседателот, Прокопис Павлопулос и премиерот на Грција, Алексис Ципрас ќе се сретне и со лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицоткакис. 

Портпаролката на грчката опозициска партија, Марија Спираки, вели дека Мицотакис на германската канцеларка ќе ѝ ја повтори позицијата на неговата партија во однос на Договорот од Преспа.

„Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во актуелниот, ниту во следниот Парламент во кој ќе има мнозинство. Мислам дека е јасно дека господинот Мицотакис она што го кажува јавно го кажува и на средбите“, вели Спираки. 

Таа додава дека ако не се ратификува Договорот од Преспа, не постои договор.

„Несогласувањето на Нова демократија со Договорот од Преспа е во срцето на овој случај. Се однесува на национален интерес. Се однесува на прашањата на јазикот и идентитетот на граѓаните на соседната земја. Во реалноста, господинот Ципрас го прифати она што не го прифатија премиерите во изминатите децении“, изјави Спираки. 

Портпаролката на Нова демократија, истакна дека актуелната грчка Влада, штом Панос Каменос си замине, тогаш ќе треба да побара доверба од Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во меѓувреме, Владата на Ципрас ги прави последните пребројувања околу поддршката на Преспанскиот договор. 

Kабинетот на Ципрас го повика лидерот на опозициската партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

„Лицемерието на Нова демократија која веќе три години бара избори и сега обвинува за наводна неизвесност, ги поминува сите граници“, оценува Кабинетот на Ципрас.

Во соопштението стои дека партијата може да ги реши сите дилеми ако нејзиниот лидер, Мицотакис „биде подготвен да ја спроведе неговата закана што ја најавува толку време и да достави предлог за гласање недоверба на Владата во Парламентот, за да се покаже неговата сила.

Слично

Поврзани вести