Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Макрон ја затвора вратата за проширувањето на ЕУ?

Дали Макрон ја затвора вратата за проширувањето на ЕУ?

Францускиот претседател, Емануел Макрон одби да даде „зелено светло“ за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, и тоа не им се допадна на европските лидери. 

„Доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ треба да се соочиме со сериозни критики.  Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања“, изјави Жан Клод Јункер,  претседател на Европската комисија.

Дебатата околу проширувањето и давањето датум за старт на преговорите со ЕУ, им одзема најмногу време на шефовите во Европскиот совет. 

Македонскиот премиер, Зоран Заев пак тврди дека немаме друга перспектива освен ЕУ. 

Македонија и Албанија ќе чекаат до идната година кога на самитот во Загреб лидерите ќе се навратат на ова прашање. 

Слично

Поврзани вести