Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Македонија ќе биде 30 членка на НАТО?

Дали Македонија ќе биде 30 членка на НАТО?

Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон, по состанокот на Партнерската комисија на САД – Јадранската повелба, што се одржа во македонското МНР рече дека ќе имаат убава симетрија доколку можат да и посакаат добредојде на Македонија како 30. држава членка на Алијансата. 

„Потенцијалното решавање на прашањето за името исто така ќе претставува поттик за регионалната стабилност и го поздравуваме обновувањето на разговорите меѓу Македонија и Грција“- вели Палмер.

Црна Гора стана 19 членка на НАТО. Палмер се надева дека следната година Македонија ќе биде членка на НАТО. 

Во неколку наврати и премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија ќе биде 30 членка на НАТО. 

Слично

Поврзани вести