Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Македонците се евроскептици?

Дали Македонците се евроскептици?

Половина од Македонците се евроскептици. 

Истражувањето „Хоризон 2020“направено преку програмата на Европската унија за тоа како жителите на Западен Балкан гледаат кон пристапувањето во Унијата, покажа дека Македонците, Србите, Црногорците и Босанците се речиси со поделени мислења во однос на тоа прашање. Според истражувањето, 50% од Македонците се евроскептици, а потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора. 

Испитаниците во Србија (60%) се најголеми евроскептици, и се со став дека од Унијата имаат корист само оние кои се богати и моќни. Тие веруваат дека пристапувањето кон ЕУ ќе ги загрози нивниот културен идентитет и економијата.

За разлика од нив, во најголем процент жителите на Албанија и на Косово не го застапуваат ставот дека Унијата лошо ќе влијае врз нивниот културен идентитет или економијата.

Слично

Поврзани вести