Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Македонците и другите од регионот имаат доверба во ЕУ?

Дали Македонците и другите од регионот имаат доверба во ЕУ?

Во Македонија, нивото на доверба во Европската Унија(ЕУ) е 60 отсто, додека нивото на недоверба е 38 отсто.

Албанците имаат доверба во ЕУ, а кај Србите се случува обраното. Според  Стандард Евробарометар, граѓаните oд Западен Балкан генерално имаат висока доверба во Европската Унија(ЕУ).

Довербата во Европската Унија е највисока во Албанија, каде што достигнува 80 отсто, во споредба со само 16 отсто од граѓаните кои не ѝ веруваат на ЕУ. Резултатите од Косово се слични – 75 отсто од граѓаните имаат тенденција да ѝ веруваат на ЕУ, додека 17 отсто имаат тенденција да не ѝ веруваат.

Во Црна Гора, 65 отсто од граѓаните имаат тенденција да ѝ веруваат на ЕУ, додека 31 отсто имаат тенденција да не ѝ веруваат. 

Во Босна и Херцеговина(БиХ), довербата во ЕУ е малку пониска, односно 56 отсто од граѓаните имаат тенденција да ѝ веруваат на ЕУ, а 40 отсто не ѝ веруваат.

Во Србија, само 36 отсто од луѓето имаат тенденција да ѝ веруваат на ЕУ, додека 59 отсто имаат тенденција да не ѝ веруваат.

Слично

Поврзани вести