Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали купувачите се „лепат“ на цени со 99?

Дали купувачите се „лепат“ на цени со 99?
Цените кои завршуваат со 9 или 99, се многу ефективни за привлекување на купувачи и таквите цени ги среќаваме насекаде. Завршувањето на цената на 99 е засновано на теоријата дека  читаме од лево кон десно,  и првата цифра од цената веднаш ни го одвлекува вниманието. Затоа, пологично е купувачот да купи производ кој чини 399 наместо 400 денари, само затоа што цената започнува со 3 и изгледа поевтина од другата цена. Кога  цената завршува на 99, производот изгледа како да е на распродажба. Во тој случај купувачите мислат дека ќе заштедат иако  заштедата е мала. Продавниците кои нудат евтина роба, секогаш ги завршуваат своите цени со 99. Овие бројки се магични и на трговците им носат поголема потрошувачка. Историски гледано не може со сигурност да се потврди од кога се употребуваат вакви трикови за привлекување на купувачи.
Слично

Поврзани вести