Дали ќе се намалат цените на авиобилетите во Македонија?
За денеска закажаното отворање на косовското небо за прелети на цивилни авиони, според надлежните институции на Македонија ќе ù донесе повеќе приходи, но и поевтини авиобилети.
Според проценките на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), деблокадата на воздушниот простор над Косово, ќе привлече повеќе авиокомпании со што ќе се зголеми конкуренцијата. Ова се очекува да ги зголеми прелетите и над Македонија за 20%, па дури и за 50% во екот на сезоната и да ù донесе на земјава околу 2 милиони евра дополнителни приходи во Буџетот по овој основ.
Дополнително, отворањето на косовското небо ќе ги намали и трошоците на авиокомпаниите, кои досега за да го избегнат косовскиот воздушен простор користеа подолги рути.
Контролата на летањето на косовскиот воздушен простор од крајот на 2011 година и е доделена на унгарската воздухопловна навигација (Хунгаро контрол), а македонската навигација М-НАВ ќе помага со обезбедување радарска слика и комуникациските врски ќе им ги даде на користење на унгарските колеги.
Воздушниот простор над Косово беше затворен за прелети на цивилни авиони од 1999 година по бомбардирањето на Србија од страна на НАТО. Со тоа беше воведено ограничување за прелетувања на цивилни авиони на висина над 8.700 метри.
Слично
