Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали ќе помагаат и пензионирани лекари?

Дали ќе помагаат и пензионирани лекари?

Моментално нема потреба да се ангажираат пензионирани лекари, порача денеска министерот за здравство, Венко Филипче. 

Вели дека моментално нема невработен или неангажиран лекар.

Министерот кажа дека сите млади лиценцирани лекари веќе се ангажирани и помагаат во некоја област.

„Имавме состанок со 55 лекари приватни интернисти, десетина веќе се пријавени и се ставија во функција. Во таа смисла нема потреба од пензионираните лекари. Во некои земји ги враќаат на работа лекарите кои се дијагностицирани со ковид-19, а се асимптоматски. Кај нас сè уште нема потреба од нивно ангажирање, ниту од пензионираните лекари“, рече Филипче.

Тој не кажа прецизно кога ќе профункционира првиот кат од новото болничко крило на струмичката болница за третман и лекување на  пациенти заразени со коронавирус. 

Премиерот Зоран Заев донираше возило за болницата. Претходно директорот Наќе Гогов се пожали дека возилата кои ги имаат се стари и често се расипуваат. 

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека цела Влада на чело со Заев се собира да се предаде едно амбулантно возило. 

Слично

Поврзани вести