Дали ќе одговара Стојанов затоа што бараше податоци за македонски полицаец?
Полиција во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите мерки во врска со заканите и омаловажувањата на претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов, пренесува Канал 5.
Тој синоќа на Фејсбук нудеше 200 евра за тој што ќе му каже име и презиме за еден од македонските полицајци на граничниот премин „Деве Баир“.
На тројцата бугарски државјани, меѓу кои е и бугарскиот пратеник Ангел Георгиев, кои вчера направија инцидент и беа приведени на граничниот премин „Деве Баир“, судот во Крива Паланка им изрече забрана за влез во Македонија во наредните три години и казна од 300 евра.На Стојанов, кој вчера нудеше 200 евра за тој што ќе го открие идентитетот на полицаец од граничниот премин „Деве Баир“, Фејсбук му го блокира профилот.
Тој за А1он рече дека го нема најдено името на полицаецот, но и дека ќе продолжи да го бара за да го тужел.
Слично
