Дали ќе има забрана за влез во државава за Џамбаски?
Дискусијата за Џамбаски би им ја оставил на бугарските и македонските политички маргиналци, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Според премиерот, Министерството за надворешни работи(МНР) соодветно реагирало.
МНР ја изрази својата реакција преку нота во која точно ги адресираше заканите кои во однос на добрососедските односи ги направија овие политичари од соседна Бугарија.
„Јас претставувам влада што комуницира со влада на соседна Бугарија и гледаме дека тонот на комуникација со официјалните институции од Бугарија е на многу повисоко ниво во однос на она што беше во минатото. Меѓутоа, сепак, иако станува збор за политички маргиналци, нивните изјави предизвикуваат вознемиреност во нашата јавност. Токму тоа им е целта, да провоцираат и да ги поткопуваат напорите не Република Северна Македонија и Бугарија да продолжат во духот на соработка и подобрување на билатералните односи“, рече Ковачевски.
„Нема да им ја исполнам желбата да станат популарни бидејќи тие не се популарни ниту во своите држави и таму не можат да влезат во парламент“, вели премиерот.
Викендов, по повод одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева, Џамбаски упати иредентистички пораки кон Македонија.
