Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Кирил Петков ќе го тргне ветото за Македонија?

Дали Кирил Петков ќе го тргне ветото за Македонија?

Кирил Петков, кој ќе биде идниот бугарски премиер, сепак не даде прецизен одговор за тоа дали ќе го симне бугарското вето за Македонија или не. 

„Тоа треба да се направи преку добра комуникација, со многу работа. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, туку мора да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да се увериме дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство. Но, истовремено ќе ги браниме и бугарските национални интереси“, изјави Петков, кандидат за премиер.

Тој во Народното собрание, идниот премиер го претстави составот на новата бугарска Влада, која ќе вклучува четири партии и коалиции. 

Историчарите од двете земји имаа средба, но немаа напредок и ништо не е договорено. Нивната следна средба ќе биде во февруари. 

Слично

Поврзани вести