ДАЛИ КИЧЕВСКИ СЕ ПОБУНИ ПРОТИВ ОРГАНИЗАЦИСКАТА ПОСТАВЕНОСТ НА СДСМ? Ако партијата остане централистичка, тогаш и одговорноста е на претседателот
Поранешниот директор на Паркинзи на Општина Центар од СДСМ, Васко Кичевски, вели дека организациски, СДСМ е лошо поставена и дека тоа мора да се промени.
„Ако добро се сеќавам, една од главните точки во кампањата на сегашниот претседател на партијата и на останатите кандидати беше измена на статутот на партијата, со промена на начинот на избор на претседателите на ОО и на останатите тела. Причината е што сегашната поставеност е централистичка и на тој начин ја уништува дебатата и самото постоење на микро организациите (месни организации, месни одбори…). Ако тоа не се промени и партијата остане поставена централистички, тогаш и одговорноста треба да биде централистичка, што значи дека секоја погрешна одлука е директна вина на претседателот“, напиша тој.
