Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДАЛИ КАЈ НАС ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ - министерката Петровска вели: Ако тоа се случи, ќе внимаваме да не влијае на јавното здравство

ДАЛИ КАЈ НАС ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ УКРАИНСКИ ВОЈНИЦИ - министерката Петровска вели: Ако тоа се случи, ќе внимаваме да не влијае на јавното здравство

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека до овој момент не е пристигнато конкретно барање за згрижување и лекување на украински војници во земјава. 

Таа денеска од Штип, по повод 75 години постоење на НАТО Алијансата и четири години од нашето членство во тој воен сојуз, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека земјава целото излегување во пресрет, одговарање, поддршката и помошта што ќе ја понуди, да не влијае на редовните процеси во јавното здравство. 

„Како Министерство за одбрана сме апсолутно подготвени да излеземе во пресрет за лекување на украинските војници, но треба да се има предвид дека лекувањето е во надлежност на Министерството за здравство. Имавме еден првичен разгвоор со министерот за здравство, а сега одиме понатаму на интензивирање на преговорите, да ги одредиме точните капацитети и се разбира точниот начин, ако евентуално се појави потреба за тоа, рече министерката Петровска.

Можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави беше тема на разговор меѓу претседателот Стево Пендаровски и украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката средба во Тирана кон крајот на минатиот месев во рамките на самитот Украина – Југоисточна Европа.

Слично

Поврзани вести