Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали кај Католичка „никнува“ нов споменик?

Дали кај Католичка „никнува“ нов споменик?

На денот на предизборниот молк, надлежните премолчено го подготвуваат теренот за поставување нов споменик, објави 24 вести. 

На триаголник на среде раскрсница кај Католичката црква, веќе е ископана дупката и поставени се околните бариери. 

Никаде нема напис, ниту известување за тоа чиј споменик ќе никне на ова место. Градските служби не одговараат на телефонските броеви, а портпаролот на Град Скопје е недостапен. Од општина Центар велат дека немаат информации за тоа дека на ова место требало да се постави нов споменик. 

Од Министертството за култура се прогласуваат за ненадлежни за поставување споменици и упатуваат одговор да се бара во Град Скопје. 


Слично

Поврзани вести