Дали Јанакиески и Божиновски навистина барале амнестија од Иванов?
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов тврди дека поранешните функционери, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски не му барале амнестија.
Оттаму велат дека немало никакви средби со посредници на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски или со нив лично, во врска со претседателска амнестија.
Со тоа од Кабинетот на претседателот Иванов ја демантираат службената белешка на УБК во јавно објавеното решение за нивниот притвор.
„Категорично ги негираме изнесените наводи во службената белешка на УБК и информираме дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Кирил Божиновски, ниту со негов посредник. Негираме и дека е остварена средба со посредник на Миле Јанакиески“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.
Оттаму јавно прашуваат и како УБК ги следи активностите на претседателот Иванов и дали уште продолжува незаконската пракса, за што бараат утврдување на одговорност и известување и најавуваат дека ќе ги известат странските дипломатски претставници во Македонија.
Откако Груевски избега, двајцата се во притвор. Јанакиески се колнеше дека нема сметка во странство.