Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали изјавата на Макрон ги обесхрабрува властите?

Дали изјавата на Макрон ги обесхрабрува властите?

Премиерот Зоран Заев вели дека не е демотивиран иако францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека е против проширувањето на Европската Унија. 

Заев е оптимист дека Македонија и со новиот состав на институциите на Европската Унија не ја губи шансата за европерспективата.

Станува збор за земји членки пријатели на земјава, смета Заев. 

„Ние испорачавме во делот на политичките прашања ја очекуваме наградата“, изјави Заев. 

Тој е убеден дека во октомври Македонија ќе го добие датумот за пристапните преговори, независно од изјавата на францускиот претседател Макрон кој, пред два дена во Брисел  порача дека ќе биде бескомпромисен кон каков било вид на проширување на ЕУ пред да се случи длабока реформа на институционалното функционирање на Унијата.

Слично

Поврзани вести