Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДАЛИ ИЗГРАДБАТА НА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Е ПРИОРИТЕТ?“Д-р Даниловски вели без систем на филтрација, ниеден објект нема да е доволен

„ДАЛИ ИЗГРАДБАТА НА НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Е ПРИОРИТЕТ?“Д-р Даниловски вели без систем на филтрација, ниеден објект нема да е доволен

Докторот Драган Даниловски вели дека благородна е идејата да се гради нов клинички центар, но изградбата вели дека ќе биде залудна ако не се работи на здравството од примарно и секундарно ниво.
„НОВА ЗГРАДА ИЛИ НОВ СИСТЕМ?

На последната прес-конференција, новиот министер за здравство ја потврди заложбата на Владата за изградба на нов Клинички центар. На прв поглед – благородна иницијатива. Зашто, воопшто не е спорно дека постојните клинички објекти се недостојни за 21 век.

Но, дали изградбата на нов Клинички центар е приоритет?

Ако 70–80% од сите случаи што сега се третираат во терцијарното ниво, (можат да) се решаваат во општите болници (секундарно ниво), тогаш, Клиничкиот центар ќе може да се посвети на она што е негова вистинска функција – третман на најсложените, високоризични пациенти. И само на нив.

За тоа да се постигне, примарната (ПЗЗ) и секундарната болничка заштита мора да добијат целосна функционалност. Без воспоставување на систем на филтрација преку ПЗЗ и секундарното ниво, ниеден објект – ни стар, ни нов – нема да биде доволен.

Дури со воспоставување на функционален “gatekeeping“ („чување на портите“ – кон терцијарното ниво), врз основа на „прочистен“ прилив на „терцијарни“ случаи, ќе може да се процени со колкав капацитет треба да биде новиот Клинички центар.

Тоа е класичен принцип на рационално здравство“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести