ДАЛИ ИВАНОВ ЌЕ СТАВИ ТОЧКА НА КРИЗАТА: Рокот за предавање на мандат ќе почне да тече!
Од денеска најверојатно ќе почне да му тече рокот од 10 дена на претседателот Иванов во кој треба да одлучи дали ќе му даде мандат за соства на нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој заедно со три албански партии собра парламентарно мнозинство.
Уставниот рок, имено, почнува да тече од денот на официјалното објавување на одлуката за избор на собраниски претседател во Службен весник, што ќе се случи денеска.
Партиите на мнозинството сметаат дека ова ќе му биде последна шанса на Иванов во согласност со Уставот да ја заврши кризата, која во земјава трае подолго од две години.
Сојузот на Албанците, меѓутоа е уверен дека Иванов нема да му го даде мандатот на Заев.
Иако во Службен весник денес се очекува одлуката за изборот на Џафери, од албанската партија ДУИ тој има жива политичка активност.
Најпрво минатата недела се состана со шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Самуел Жбогар, потоа два дена поминал во Брисел, каде разговарал со највисоките европски претставници, а вчера во одделни посети ги прими амбасадорите на САД и Франција.
Заве минатата недела изрази подготвеност да се состане со Иванов и да го убедени дека мнозинството се залага за единствена Македонија.
Сега, рече Заев, се е во раце на Иванов.
Заев апелира на мирен пренос на власта.
Од друга страна ДУИ, како што соопшти Османи, не чуствува ни морална обврска ни уставна должност да оди на состанок со Иванов, доколку тој биде свикан.
„ДУИ јасно ги изнесе своите станови во поглед на уредувањето на државата, граѓаните и меѓународните партнери“, рече Османи.
Сојузот на Албанците меѓутоа е уверен дека Иванов повторно ќе одбие мандатот да му го додели на Заев и дека новата влада ќе мора да биде избрана во парламентот.
Движењето БЕСА не сака да се изјаснува во врска со евентуална средба со Иванов.
Џафери минатата недела со писмо го извести Иванов дека има парламентарно мнозинство, што значи дека се создале услов за формирање Влада.
