Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дали Исламската верска заедница го повлекува ултиматумот?

Дали Исламската верска заедница го повлекува ултиматумот?

Исламската верска заедница поради изборите привремено го повлекува ултиматумот кој го испорача претходно до Владата, а истото беше протолкувано како уцена. 

Тие велат дека нема уцена, но има дискриминација. Повикаа за надминување на проблемите, откако вчера премиерот Зоран Заев рече дека зад писмото на Исламската верска заедница гледа лични интереси, и дека како и сите други религиски заедници и ИВЗ треба правдата за имотите да ја бара на суд.

Раководството на ИВЗ не се откажува од денационализација на имотот. 

Премиерот Зоран Заев изјави дека заканите и уцените на ИВЗ на неколку дена пред почетокот на претседателската кампања се мотивирани од лични причини на поединци во раководството на верската заедница.

Слично

Поврзани вести